За младите наставници да се мотивираат да останат во земјата, неопходни се реформи во образованието, а државата да вложува во условите за работа во училиштата, сметаат професорите на Факултетот за образовни науки.
Неусогласеноста на средното со високото образование и со потребите на пазарот на трудот, менување на методите на работа во образовниот систем, се само некои фактори на кои им се потребни итни промени.
Учителствувањето кај нас не е атрактивна професија, поради ниските плати и намалената самодоверба на наставничкиот кадар. Треба да се направат некои промени. Да се подобри образованието до некој степен, а потоа и да се наградат финансиски наставниците
Незаинтересираноста на младите за наставничката професија, доведе до дефицит од наставници по некои предмети, посебно во средните училишта.