Мала зелена метална кутија со потекло од Југославија, полна со документи од почетокот на 20-тиот век, била пронајдена во куќа во источниот дел на Торонто и пред неколку дена вратена на вистинските сопственици.
Со децении кутијата стоела заборавена во ѕидот на семејна куќа во Торонто, а случајно била пронајдена кога семејството кое живеело тука ги расчистувало работите пред да ја предаде куќата на новите сопственици.
Кутијата била откриена во вентилациски отвор, а во рацете на сосетката Ненси Траскот дошла така што семејството, кое ја пронашло во својот дом, пред продажбата, решила да и ја подари мислејќи дека би можело да ја интересира тоа што се наоѓа внатре.
Тука има богатство, четири документи, два кои не можам да ги прочитам бидејќи се од Југославија, рекла Траскот за канадска телевизија.
Меѓутоа, постоел еден документ кој веднаш и привлекол внимание – тапија за сопственост на споменатата куќа од 1950-та година.
Мислев дека можеби ќе ги пронајдам луѓето кои би сакале да го имаат ова, рекла Траскот, која лично ги пронашла потомците на сопственикот на малата зелена кутија – Никола Павелиќ.
Во рок од неколку дена се поврзала со ќерката на Павелиќ, Менди.
Не ни знаев дека постои нешто такво, рекла Менди Павелиќ за „CTV News“.
Во понеделникот Павелиќ и Траскот прв пат се состанале да ја разменат кутијата и нејзината содржина. Никола Павелиќ е роден во Хрватска во 1903-та година, а емигрирал во Канада во 1929-та година. Меѓу документите биле неговата крштеница, документи за натурализација од времето кога емигрирал во Канада и дозвола за брак од 1927-ма.
Менди многу емотивно реагирала кога ја држела брачната дозвола на своите родители за прв пат.
Затоа што ја зачувал. Татко ми ја обожуваше мајка ми, рекла Павелиќ.
Според договорот, Никола Павелиќ ја купил куќата на авенијата Дирборн во 1955-та година, кога Менди имала 16 години. Нејзината сестра Мери на крајот се преселила во соседната куќа со својот сопруг. Менди верува дека ја сокрила кутијата и нејзината содржина по смртта на нивниот татко. Металната кутија во себе содржи непроценливи документи, кои детално ја опишуваат приказната на нејзините родители.
Се обидов да го натерам да зборува за минатото, но зборуваше само за Канада. Како да ни го остави наследството сега. Беше вреден, едноставен човек, кој порасна три ќерки, рекла Павелиќ.
Мило ми е што одвоив време да направам мало истражување и стекнав нов пријател, рекла Траскот.