Жената од с.Челопек, Старо Нагоричане се уште не е пронајдена низ остатоците од пожарот.
Додека сите се сомневаа дека била во куќата која е опожарена и изгорела целосно бидејќи е неподвижна, во куќата не е најден ниту еден нејзин остаток.
Дополнителна мистерија создаваат изјавите на соседите и пожарникарите кои во моментот биле на терен.
Соседите истакнуваат дека ја виделе во дворот по појава на пожарот и се обидувала да побегне од стихијата која надоаѓала.
Пожарникарите, пак сведочат дека никој не ги известил оти во куќата која гори има некој на кој му треба помош.
-Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапува по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршија детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги, велат од МВР.