Задржувањето на водата во телото може да биде предизвикано од хормонални промени, недостаток на физичка активност, а дебелината игра клучна улога. Болестите на срцето, бубрезите и капиларите исто така може да доведат до задржување на водата и оток, пишува Healthline.
За помалку да ја задржувате водата, многу е важно да консумирате што помалку сол, а исто така важно е да го вклучите и магнезиумот во вашата исхрана.
Магнезиумот е многу важен минерал. Тој е вклучен во повеќе од 300 ензимски реакции кои го одржуваат вашето тело да функционира правилно. Понатаму, зголемувањето на внесот на магнезиум може да помогне да се намали задржувањето на водата.
Всушност, некои истражувања сугерираат дека додатоците на магнезиум може да помогнат во намалувањето на симптомите на предменструален синдром (ПМС), вклучувајќи надуеност и задржување на вода. На пример, една постара студија покажа дека земањето 250 mg магнезиум дневно подобрува неколку симптоми на ПМС, вклучително и надуеност.
Добри извори на магнезиум се јаткастите плодови, интегралните житарки, темното чоколадо, рибата и лиснатиот зелен зеленчук. Достапно е и како додаток.