Кога е достапна безбедна и ефикасна вакцина против КОВИД-19, сите земји-членки на ЕУ ќе имаат пристап до неа истовремено, пропорционално на нивната популација.
Во почетната фаза на воведување, пред да биде можно да се зголеми производството, вкупниот број на дози на вакцини ќе биде ограничен, а идентификувани се приоритетни популациони групи за вакцинација.
Овие и низа други упатства ги објави Европската комисија во својот последен документ „Комуникација од Комисијата до Европскиот парламент и Советот – подготвеност за стратегии за вакцинација и воведување на вакцини КОВИД-19“, воведување вакцини.
Иако сè уште никој не може со сигурност да каже кога ќе добиеме безбедна, ефективна и квалитетна вакцина, ЕК обезбеди повеќе упатства и препораки во овој документ за дејствија што треба да се преземат веќе овој месец.