Четириесет и четиригодишна скопјанка е приведена поради запуштање и малтретирање својата 16-годишна ќерка.
Девојката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот, велат од полицијата.
–На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател – соопшти МВР.
Мајката била приведена, а потоа пренесена во психијатриска установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.