Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски не престанува да ја изненадува позитивно македонската јавност. Овој пат даруваше крв за свој сограѓанин на кој му е потребна за извршување на хирушки зафат:
–Денеска на повик на оделот за трансфузиологија во Куманово дарував крв (АБ -) за наш сограѓанин кому му е потребна за хирушка интервенција. Му посакувам успешен зафат и побрзо закрепнување. Благодарност до нашиот тим на оделот за трансфузиологија во општа болница Куманово за нивниот професионален и хуман пристап, објави Димитриевски на неговиот фејсбук профил.