Истражувачите регрутирале 19 здрави возрасни лица за да ја измерат нивната мозочна активност на неколку сесии, во присуство и отсуство на кучиња. Резултатите може да ја подобрат ефикасноста на терапии со помош на животни кои се користат за лекување на многу состојби, како што се: депресија, деменција, посттрауматско стресно нарушување и многу други…
Во оваа студија, истражувачите одлучија да користат функционална инфрацрвена спектроскопија (fNIRS). На челото на учесникот беа ставени две електроди за мерење на когнитивните активности, а беше покажано и зголемување на мозочната активност, односно фронталниот кортекс – клучен дел од мозокот кој го контролира вниманието, работната меморија, решавањето проблеми, размислувањето и емоционалните реакции.
Резултатите покажале дека мозочната активност се зголемува при галење на кучињата, а силна мозочна активност била покажана и кога животното ја напуштало собата. За време на студијата, учесниците биле држени подалеку од кучињата додека биле прикачени на скенерот.
Експериментот продолжил со набљудување на миленичето кое се наоѓа од другата страна на собата, потоа постепено се приближувало и на крајот целосно се приближило за да може субјектот да го погали. Потоа истото го направиле и со плишаното животно. И кога ги споредиле двете сценарија, истражувачите откриле дека има посилно зголемување на активноста на мозокот кога вистинското куче е во близина.
Кучето како терапија за луѓето
Примената на овие резултати од студијата е од интерес за целата медицинска заедница. д-р. Џои Р. Џи, невролог во болницата „Провиденс мисија“ во округот Оринџ, Калифорнија, потврди дека терапите со помош на кучиња „се вредни за многу хронични нарушувања и можат да се користат во услови каде што е потребна релаксација“.
Домашните миленици како кучињата можат и треба да се сметаат за важна терапевтска опција за пациенти од сите возрасти кои минуваат низ различни физички или ментални здравствени проблеми, се согласуваат експертите.