Комерцијална банка донираше две амбулантни возила, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за коронавирус на министерството за здравство како знак на помош во борба против епидемијата.
Ова е петта донација на Комерцијална банка А.Д во рамки на нивните проекти за општествена одговорност, со што вредноста на вкупните донации достигна околу 600 илјади евра.