Во Кипар е откриена нова варијанта на коронавирусот. Тој е наречен делтакрон, бидејќи претставува комбинација на постојните, делта и омикрон.
Новиот сој е идентификуван во Лабораторијата за биотехнологија и молекуларна вирусологија на Универзитетот на Кипар, соопшти нејзиниот раководител проф. д-р Леонтиос Кострикис, а пренесе „Блумберг“.
Во текот на декември биле извршени продлабочени генетски анализи на 1.377 теста а кај 25 од нив е откриен новиот вид на ковид-19. Сите тестови биле од хоспитализирани пациенти.
Бидејќи се базира на делта сојот, а содржи и генетски мутации на омикрон, научниците го нарекле делтакрон (Deltacron).
Кипарскиот министер за здравство Михалис Хаџипанделас вели дека новиот вид не треба да загрижува бидејќи е комбинација од две веќе познати мутации на коронавирусот.