Кина го поддржа барањето на Русија НАТО алијансата да го запре натамошното проширување во Источна Европа.
Во заедничката изјава објавена за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пекинг, каде што денеска се отвораат Зимските олимписки игри (ЗОИ), исто така се истакнува дека Москва ја поддржува позицијата на Кина за Тајван и се противи на независноста на островот.
Претходно, американски официјални лица ја обвинија Русија дека планира да организира лажен украински напад за да може да започне офанзива врз таа земја.
Москва наводно подготвува исклучително детално и живописно видео кое прикажува напад на руска територија или заедница на луѓе кои зборуваат руски во источна Украина.
Руските власти го негираа таквиот план, а САД не објавија докази за наводите.
На границата меѓу Украина и Русија веќе неколку недели расте тензијата поради можен конфликт.
Москва распореди околу 100.000 војници долж границата, но Кремљ тврди дека тоа е само вежба, додека Западот стравува од напад.