Засилувачите на вакцината против болеста КОВИД-19 работат со зајакнување на заштитата на имунитетот што го стекнавме со примањето на првите дози од вакцината, пишува Ординација.
Како што се повеќе луѓе ширум светот добиваат засилена доза, експертите велат дека таа доза може да биде потребна секоја година.
Центрите за контрола и превенција на болести советуваат дека сите оние постари од 18 години кои биле вакцинирани, исто така, треба да добијат бустер доза.
Тој совет беше прифатен оваа недела со појавата на нова варијанта на вирусот.
Доколку сте примиле Johnson & Johnson, се препорачува да чекате само 2 месеци за да примите бустер доза, а ако сте примиле една од вакцините mRNA, 6 месеци по втората вакцина, време е за бустер доза – рече др. Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести на Универзитетот Вандербилт.
-Главната карактеристика, се разбира, е тоа што ќе го зајакне капацитетот на имунолошкиот систем да се бори против сериозните болести и да спречи хоспитализација. Тоа е главната намера. Може да има намален пренос на болеста, помалку сериозни симптоми, така што ова е бонус, додаде тој.
ЦДЦ наведува дека можеме да избереме која вакцина сакаме да ја вакцинираме, но Шафнер верува дека оние кои примиле единечна доза J&J би имале корист доколку примат засилена доза на mRNA.