Човечката душа е висинска енигма за научниците, а особено за луѓето кои се лаици во психологијата.
Затоа е потребна внимателна и детална анализа пред да донесете конечен суд и одлука како да се однесувате со некој друг од вашата околина.
Иако индивидуалните разлики се значителни, сепак, постојат општи црти кои се забележуваат кај сите личности кои во психолошката терминологија се означуваат како „психопати“.
Еве како да препознаете дека една личност е психопат:
- Премногу се врзува со одредени луѓе
Доколку стапите во контакт со „психопат“ и сте добро тло за негово душевно паразитирање, тој/таа ќе се врзе за вас многу силно.
Без разлика што и да се случи во вашиот однос, психопатот ќе настојува на било кој начин да остане во вашиот живот. Ќе се обиде да ве манипулира, да ви влева страв, да бара од вас одговорност и најситна врска од сегашноста која може да претставува мост помеѓу вас двајца.
- Нерелевантност во говор
Психопатот често зборува неповрзано, па така некои податоци кои ќе ви ги пренесе во моментот ви се гледаат како нерелевантни. Сепак психопатите се најпромислените луѓе, тие не кажуваат ништо, што нив самите не им создава алиби за некоја следна ситуација.
Дури кога ќе дојде до „пукање“ на вашиот однос, односно моментот кога ќе ги демистифицирате, ја разбирате целта и позадината на некои теми кои психопатите ви ги внеле во контекст во минатото.
- Плашливи се
Психопатите се премногу плашливи. Доколку им покажете дека не сакате да ја прифатите улогата на „жртва“ која упорно ќе се трудат да ви ја наметнат, тие целосно се повлекуваат.
Но тука нема да застанат, само ќе се потрудат да не откриете какви се „местенки“ ви прават во животот, надевајќи се дека ќе најдат најмал простор да допрат до вас.
- Перверзни
Психопатите имаат нарушена сексуалност. Тие се или перверзни или со спротивна сексуалност од таа што ја прикажуваат поради страв од осуда од околината.
Тие во се гледаат сексуален објект, но ниту еден сексуален објект не може да им ја изрази сексуалноста и да ги ослободи од фрустрации.
- Спасители
Се сметаат за себе дека се спасители и секогаш „непоканети“ се појавуваат во непријатни ситуации пружајќи „рака за спас“ која доколку ја прифатите скапо ќе ве чини.
Психопатот целиот живот ќе си ја наплаќа својата услуга, а ако се обидете да се тргнете од сервилниот однос, ќе бидете потсетувани дека сте должник од некоја мината ситуација.