Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов утрово на гостувањето во студиото на „Денот започнува“ на БНТ изјави дека реакцијата на Бугарија -Не е задоцнета, бидејќи, според него, до крајот на годината за време на германското претседателство со ЕУ темата за започнување преговори со Скопје ќе биде повторно актуелна.
–Омразата кон Бугарија е всадена не само во учебниците по историја, туку и во нивните филмови, книги, нема село во кое нема барем еден запис против Бугарија, барем еден, додаде Каракачанов.
–Ако сме објективни, сегашниот премиер Зоран Заев е тој што поседува најумерен политички јазик, рече Каракачанов .