Ако почнете да живеете „нормално“, ако ги тргнете маските, одите во ресторани, шопинг или во кино – кои се шансите и понатаму успешно да го избегнувате ковид-19?
Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) проценува дека околу 43 отсто од населението во САД или 140 милиони лица биле заразени со ковид-19, а околу 60 отсто од населението никогаш ја немале оваа болест. Стручњаците сметаат дека од овој вирус нема така лесно да се ослободиме, барем во блиска иднина, но тоа не значи дека мора да се заразите.
Од моја перспектива, не е неизбежно дека ќе се заразите со вирусот, а на пример, на места каде што е мала стапката на заболени, голем број лица кои немале ковид-19, нема ниту да го добијат, бидејќи нема да бидат изложени на вирусот, појаснува д-р Боб Вочер.
Оние кои се вакцинирале и понатму имаат заштита од потешка форма на болеста, додава д-р Питер Чин-Хонг, инфектолог, и додава дека не мора да значи дека ќе се разболете, иако вирусот е сѐ уште присутен.
Дали можеме да се заразиме? Тоа е можно. Да запомниме дека вирусот е сѐ уште присутен и дека предизвикува страдање за голем број луѓе, а околу 2000 смртни случаи во Америка неделно не се „прошетка низ парк“, додава тој.
Сепак се согласува дека со мала претпазливост, можеме лесно да ја избегнеме болеста додека уживаме во животот. Докторот вели дека додека вечера во ресторани или пие кафе во кафулиња, многу добро внимава да избегнува ризични однесувања, па секогаш избегнува места во кои се присутни многу луѓе.