Индискиот тип на коронавирус, се манифестира со различни симптоми за разлика од сите други досега познати варијанти на ковид.
Опсежна студија во Велика Британија, потврдува дека најчесто пријавувани симптоми на лица заразени со индиски тип на коронавирус се течење на носот, болки во грлото и главоболки.
За разлика од заболување предизвикано од другите варијанти на коронавирус, индискиот тип во поретки случаи предизвикува губење на осет за мирис и вкус.
Исто така, не е типично заразените лица да развијат висока температура или да чувствуваат силна болка во мускулите.
Според биртанската студија, индискиот тип на коронавирус е повирален, побрзо се пренесува и ги напаѓа белите дробови.
Во Македонија досега не е познато дали има регистрирани случаи на индискиот тип на коронавирус.