Јапонското Министерство за здравство објави дека се истражува смртта на двајца мажи на возраст од 38 и 30 години кои ја примиле вакцината на „Модерна“, иако причината за смртта не е позната.
Министерството наведе дека ги истражува причините за смртта и дека не е сигурно дали постои причинско-последична врска со вакцината.
Префектурата Окинава објави дека програмата за вакцинација е делумно одложена.