дома информација вест Јапонската влада ќе пушти повеќе од 1 милион тони загадена вода од...

Јапонската влада ќе пушти повеќе од 1 милион тони загадена вода од нуклеарна централа во морето

Водата може сериозно да наштети на животот во биосистемот на морето

597
0

Јапонската влада, наводно, одлучи да пушти повеќе од 1 милион тони загадена вода од нуклеарната централа Фукушима Даичи во морето, поставувајќи ја на курс на судир со локални рибари кои велат дека овој потег ќе ја уништи нивната индустрија.

Медиумите јавуваат дека работата за ослободување на водата, која се чува во повеќе од 1.000 резервоари, ќе започне најрано во 2022 година и ќе трае со децении.

Официјална одлука може да биде донесена до крајот на месецот, соопшти новинската агенција Кјодо, ставајќи крај на повеќегодишната дебата за тоа што да прави со водата, со други опции, вклучувајќи испарување или изградба на повеќе резервоари за складирање на други локации.

Загадената вода може да предизвика сериозно уништување на природата, особено на живиот свет во водите на морето каде што се планира испуштање на загадената вода. Меѓународните организации се уште не поттикнаа никаква реакција по повод ова одлука на јапонската влада.

Извор: Theguardian.com