Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.58 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.42 % има секторот О – Други услужни дејности, додека најмала е стапката во секторите Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кои изнесува 0.22 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.04 %.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.83 %.
Најголем број на слободни работни места, односно 2 943, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.