Цените на енергијата во Европа во 2022 година ќе бидат највисоки во последните 10 години, бидејќи има вртоглав скок на цената на гасот и електричната енергија, според меѓународната инвестициска банка Ситигруп, а пренесе Блумберг (Блумберг).
Според сегашните проценки, вкупната сметка за примарна енергија во регионот на Европа ќе изнесува околу еден трилион (1.000 милијарди) долари. Тоа е три пати повеќе отколку во 2021 година и двојно повеќе од 2019 година.
Вкупниот трошок на примарната енергија (енергија од фосилни горива, биомаса, нуклеарни извори, хидроенергија, ветерна енергија и геотермални извори) на ниво на цела Европа изнесуваше 500 милијарди долари, додека минатата година беше проценет на 300 милијарди долари.
Новата неповолна состојба, како што се нагласува, подеднакво ги погодува домаќинствата и индустријата, па владите на некои европски земји веќе одлучија да им помогнат со субвенции.
Таков е случајот и со македонската влада која неодамна ја објави Програмата за помош и поддршка на социјално ранливите групи со плаќање на дел од сметките за струја.
Но граѓаните велат дека, начинот на кој е дизајниран повикот и голем број на документи што се потребни за да се аплицира ги одвраќаат граѓаните од желбата да се пријават за оваа парична помош.
Бирократските процедури се комплексни и долги, треба еден месец да одам од шалтер до шалтер, од канцеларија до канцеларија за да ги извадам сите потребни документи, вели нашиот соговорник Ивица Андовски (37) од Скопје.