Според Османи, логиката да остенеме блокирани за да не не блокира Бугарија во иднина, е ирационален пристап.

Сите шпекулации во јавноста за предлогот се неосновани, луѓето се вознемируваат непотребно, јазикот е чист, историските прашања не се одредници за прогрес во процесот, има „фул“ почеток на преговори веднаш откако ќе дадеме пас за овој процес. Нема бугаризација, нема наметнување, никој не може да смени наши книги и споменици. Тоа се страшила што се користат за некој да добие политички поени и никако не се во интерес на граѓаните. Интересот на граѓаните е сега да се придвижиме кон ЕУ и да ги зајакнеме демократските институции. Да го почнеме процесот, а во текот на преговорите ќе ги надминеме сите разлики – потенцира Османи.

Пред пратениците во Собранието утре ќе се најде францускиот предлог, а седницата беше закажана откако Владата до Парламентот испрати дел од документите поврзани со предлогот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за истиот ден, половина час пред почетокот на оваа седница, закажа уште една на која обраќање ќе има претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Седницата на која пратениците треба да расправаат за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, е закажана во 13:30 часот.