Францускиот сенат одобри закон кој бара паркинзите со најмалку 80 паркинг места да бидат покриени со соларни панели.
Според таа одлука, паркинзите со од 80 до 400 паркинг места ќе имаат пет години почнувајќи од јули 20203 година за да се усогласат со новиот закон, додека сите поголеми паркинзи ќе мора барем половина површина да биде покриена со соларни панели.
Француската влада вели дека планот првенствено е фокусиран на паркинзите надвор од автопатиштата и главните патишта и на овој начин би можеле да се произведат до 11 гигавати електрична енергија, што е еднакво на 10 нуклеарни реактори.
Постојат некои исклучоци од законот. Кога надворешните паркинзи имаат технички, безбедносни, архитектонски и еколошки ограничувања може да бидат изземени од законот. Парцелите во сенка на дрвја на барем половина од својата површина исто така може да го избегнат законот, како и паркинзите за камиони. Кога вградувањето на панелите не може да се направи под економски прифатливи услови, тие исто така можат да бидат исклучени.
Освен соларните паркинзи, француската влада размислува за изградба на големи соларни фарми на празните земјишта крај автопатишта, железнички пруги и емјоделски површини. Националниот железички оператор SNCF, исто така, планира да инсталира над 1 милион квадратни метри соларни панели до 2030 година со цел да ја намали вкупната количина гасови што ги купува за 1/3.
Не е познато како оператеритесо паркинзите ќе ги плаќаат тие инсталации или колку финансиски ќе им помогне државата.
На почетокот на оваа година францускиот претседател, Емануел Макрон, постави цел – десеткратно зголемување на производството на соларна енергија во земјата на над 100 GW и гради 50 електрани на ветар на пештера на вода за да добие дополнителни 40 GW.
Франција моментално сама произведува 25% од електричната енергија одобновливи извори на енергија.