Од денеска дел од тимот, лекари, медицински сестри, волонтери од Црвениот Крст, од повеќе пунктови во Здравствен дом Скопје е префрлен во А1 СЦ „Борис Трајковски“ со цел да се зголеми пристапот до вакцини за граѓаните и сите кои сакаат да се вакцинираат, по зголемениот интерес за вакцинација во изминатиот период. Во функција е малата сала која денеска ја посети министерот за здравство Венко Филипче. Тој изјави дека моментно значително расте интересот за вакцинација помеѓу младата популација.
– Во последниот период значително расте интересот за вакцинација на помладите групи на граѓани, од 18 до 40 години и сега таа бројка изнесува некаде околу 170.000 граѓани, што е според анализите 26 отсто од вкупното население во тие возрасни групи. Во просек околу 10.000 граѓани се вакцинираат дневно, а близу 700.000 се опфатени со прва доза, од кои 510.000 граѓани се ревакцинирани – кажа министерот Филипче