Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ поднесе барање за дозвола и итна употреба на нејзината вакцина против коронавирусот во Индија, изјави денеска официјалниот претставник на индиската влада за здравство, В.К.Пол.
„Фајзер“, чијашто вакцина неодамна беше одобрена во Велика Британија, им се обрати на индиските власти во саботата и е првата компанија што го стори тоа, рече Пол, кој ја советува владата за прашања поврзани со ковид-19, објави Ројтерс.