Прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град.
УВ индексот ќе изнесува 7 мерни единици. Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 15, а максималната ќе достигне 27 степени.
Од утре силните невремиња се интензивираат, а поројни дождови и грмотевици ќе бидат секојдневие до петок. Блага стабилизација на временските услови се очекува за викенд, кога повторно не очекува облачно време, но без поројни дождови и појава на град.