Екстрадирано лице од Германија со вкупна затворска казна од 20 години

Лицето треба да изврши затворска казна поради тешки кражби и криумчарење на мигранти

699
0

Секторот за меѓународна полициска соработка, при Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во Република Северна Македонија лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.

Ѓ.М. е осуден на затворска казна со вкупно времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.

Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи во рамките на оперативната акција „Бегалец“ превзема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и приведување лица, кои се бараат за издржување на затворска казна на територијата на Република Северна Македонија.