Седум месеци по втората доза, ефективноста на mRNA вакцината против ковид-19 не опаѓа кај општата популација во Италија, каде што е забележан мал пад во одредени групи, објави во средата Националниот институт за здравство (ИСС).

Во извештајот на ISS и Министерството за здравство беа разгледани податоците од повеќе од 29 милиони луѓе кои примиле две дози од mRNA вакцината, како што се оние произведени од Pfizer и Moderna.

Кај општата популација, ефективноста против инфекцијата останала на 89 проценти, додека против хоспитализација и смрт, шест месеци по втората доза, таа останала на 96, односно 99 проценти.

Податоците за заштита од инфекција се разликуваат од студијата спроведена од Pfizer, објавена на 4 октомври од медицинското списание The Lancet.

Таа студија покажа дека ефективноста на Pfizer / BioNTech во спречувањето на инфекцијата се намалува на 47 проценти од 88 проценти шест месеци по втората доза.