Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на ковид-19, девет починати и 1.022 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболните 517 случаи од Скопје се 261, Битола – 31, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 22, Куманово – 18, Тетово – 16, Кичево – 14, Гостивар и Штип – по 13, Охрид – 12, Крива Паланка – 11, Струмица – 10, Струга и Неготино – по 8, Кочани, Гевгелија, Свети Николе и Ресен – по 5, Дебар и Демир Хисар – по 4, Радовиш, Делчево, Валандово, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.
Регистриран се 1 022 оздравени пациенти од: Скопје – 557, Тетово – 51, Велес и Куманово – по 45, Струмица – 32, Прилеп – 31, Кавадарци – 30, Охрид – 26, Гостивар – 25, Неготино – 21, Битола – 20, Кичево – 19, Дебар – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Штип – 13, Кочани – 11, Струга – 10, Радовиш – 8, Крушево – 5, Демир Хисар, Делчево, Богданци и Кратово – по 4, Крива Паланка, Свети Николе, Валандово, Демир Капија и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Пробиштип и Дојран – по 1.
Од деветте починати лица четири се од Скопје (65г, 72г, 83г и 86г) и по едно починато лице од Струмица (78г), Кавадарци (42г), Македонски Брод (45г), Штип (81г) и Гевгелија (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени четири починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 72г. до 79г. Лицата за починати се пријавени во период од 18 до 21 февруари. Од починатите лица, две се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 296 229, бројот на оздравени пациенти е 282 604, на починати е 8 981 а на активни случаи изнесува 4.644.