Државите ширум светот организираат лотарии и на тој начин заработуваат. И македонската држава има свои компании за организирање на игри на среќа.
Едната е АД Државна лотарија на Македонија и таа е 100% во сопственост на државата. Како што пишува на нејзината офцијална страница “компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели лотарија“, анализира порталот Пари.
Другата е Државната видеолотарија на РСМ – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, која е во сопственост на Државната Лотарија на Македонија и на Касинос Аустриа Интернационал Македонија, Заедничката добивката на двете компании: АД Државна лотарија на Македонија и на Државната видеолотарија на РСМ – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, во 2021 година изнесувала 21,5 милиони евра.
Приходите пак, на двете компании остварени од разни видови на игри што ги практикувале граѓаните се 77,7 милиони евра.
- Дали сте знаеле…?
Најстарата лотарија која сè уште е активна е Холандската национална лотарија, која датира уште од првото извлекување во 1726 година во Хаг. На второ место е шпанската „Ел Гордо“ која постои од 1812 година и која денес се смета за најголемата лотарија во светот. (Пари.мк)