Не е невообичаено брзиот тест за короната да покажат лажно негативни резултати.

И домашните и светските експерти велат дека ако резултатот е позитивен – нема сомнеж, инфекцијата постои.

Меѓутоа, ако е негативен, не мора да биде 100% точен. Зошто се случува ова, објасни руската докторка Надежда Чернишова, пишува Мондо.

Таа забележува дека најдобро е да не се пуши пред тестирање, бидејќи тутунот може да влијае на веродостојноста на резултатите.

Таа, исто така, откри што е најдобро да се избегне кога се оди на тестирање за да се увери дека примерокот нема да биде „контаминиран“ и ќе покаже точни резултати.

Според специјалистите, пред да го направите тестот, од исклучителна важност е да се исклучат механички ефекти врз назофаринксот, односно носниот дел од грлото.

Не треба да го плакнете носот со ништо пред тестот, ниту да ставате капки. Најчесто, вирусот не се открива кога некое лице претходно ставило капки или го исплакнало носниот дел од грлото со солена вода или морска вода.

Во тој случај, вирусот може механички да се „измие“ или уништи – тогаш тестот ќе биде негативен. Од истата причина, подобро е да не го дувате носот – вели докторот.

Таа додаде дека поради чистотата на тестот, многу подобро е да се воздржите од пушење.

Поврзано:

Стефан се тестирал три пати во лабораторија: Има потврда за негативен тест и решение за изолација поради позитивен резултат