Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја информираше јавноста дека засега пописот тече без инциденти.
Тој нагласи дека категориите на граѓани што се попишуваат се неколку, а пописот започна со попишување на затворениците, бездомниците и дипломатите.
Од 1ви Март преку електронска апликација се попишува и дијаспората, а заклучно со вчера, попишани се 50.000 граѓани од дијаспората.
Пописот на домаќинствата ќе се врши од 1 до 23ти Април, кога е предвидено завршување на фазата на собирање на податоците.
Многу од граѓаните најавија бојкот на пописот и одбивање да се попишат во услови на епидиемија, но и поради сомнение дека пописот е политички договор кој нема да ја отслика реалната состојба во Македонија.
Од друга страна Завод за статистика информираше дека бојкот на пописот е кривично дело и се казнува со затвор, па ги повика сите граѓани на соработка.