Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Потоа од утре па во следните денови атмосферата ќе биде постабилна, а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.