Се повеќе европски земји ги укинуваат ковид сертификатитие бидејќи и покрај големиот процент на вакцинирано население, стапката на смртност, како и бројот на заразени не се намалил.
Тоа ги наведе здравствените работници да заклучат дека сертификатитие не ги даваат посакуваните резултати, а имаат голем удар врз економијата.
Додека се повеќе земји ги укинуваат, во Македонија не се размислува за нивно укинување, туку зајакнување. Односно поради омикрон сојот, да се инсистира тие да се испишани со три дози на примена вакцина, од која барем една е „Фајзер“.
Доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комиисјата, пак, рече дека укинување на вакциналните сертификати не доаѓа во предвид, особено не во зимскиот период.
Популацијата која нема создадено имунитет најдобро ќе се заштити со вакцинација. Нема да има радикален чекор на укинување на сертификатите зашто со тоа и низок степен на вакцинација, ќе се оптовари здравствениот систем и таа мерка е контрапродуктивна и нема да се разгледува, вели д-р Мехмедовиќ.