Само што беше објавено кој ја освои годинашната Нобелова награда за мир.
Добитници на наградата се Марија Реса и Дмитриј Муратов за нивната борба за слобода на говорот, објавено е во Осло.
Марија Реса е филипинска истражувачка новинарка и основачка на независниот портал за вести Раплер.
Муратов е главен и одговорен уредник на рускиот весник „Новаја газета“.
Норвешкиот комитет за Нобелова награда за мир рече дека ги наградува за „борбата за слобода на говорот, што е предуслов за развој на демократијата“.