Алумил, најголемата група за алуминиум во Југоисточна Европа, ја дизајнираше и произведе влезната врата Smart Gate, паметно решение за спречување на ширење на коронавирус.
„Паметната порта“ претставува голема иновација во областа на здравствената превенција, особено во сегашните околности на пандемијата, а нејзината важност за прв пат беше препознаена од „Медигруп“ – најголемиот приватен здравствен систем во Србија и регионот.
Осум уреди за безконтактно мерење на температурата се инсталирани во Општата болница Медигруп, Специјалната болница за офталмологија – Клиника Милош, Специјалната гинеколошка болница со породилно – Јевремова и здравствените домови.
Уредот Smart Gate врши мерење на температурата без контакт, без зрачење, со висока прецизност и континуирано, непречено поминување.
Новиот производ на Алумил штити места со голем број луѓе како што се здравствени центри, работни места, трговски центри, места за масовно собирање и места за разни настани, извршувајќи многу брзо, прецизно и бесконтактно мерење на температурата на човекот за да спречи можно ширење на КОВИД инфекција.
Во пракса, ова значи дека едно мерење на температурата може да се изврши секоја секунда со можно отстапување во точност од 0,20 C, што исто така одговара на домашни бесконтактни термометри кои во моментов се користат за мерење на температурата во институциите од сите видови.
Автоматизацијата на оваа задолжителна превентивна постапка во голема мера ќе ја олесни работата на медицинскиот персонал на Медигруп, истовремено намалувајќи го ризикот од изложеност на вработените кои рачно вршеле мерења на температурата.
Алумил и Медигруп, лидери во своите области на домашниот пазар, го проширија партнерството насочено кон здравствена превенција на вработените, а сите 350 вработени во Алумил ќе бидат корисници на услугите на Медигруп во наредниот период.