дома информација вест Димитриевски: Сметката на општина Куманово после долги години конечно деблокирана

Димитриевски: Сметката на општина Куманово после долги години конечно деблокирана

За својот најголем успех Димитриевски го смета одблокирањето на банкарската сметка на општина Куманово

555
0

На денешниот отчет за едногодишните проекти на локалната самоуправа и работата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски прво истакна дека особено е горд што успеал да ја деблокира банкарската сметка на општина Куманово.

Според неговите наоди банкарската сметка била блокирана со години наназад, а општината била во сериозна финансиска криза.

Во своето обраќање тој особено им се заблагодари на службениците од одделот за финансии при локалната самоуправа на Куманово, што со својата работа успеале да и стават крај на финансиската криза.