23ти Мај во Македонија се празнува како Национален ден на Власите и по тој повод се организираат низа активности од влашките здруженија во Македонија.
Владиниот естаблишмент, на чело со премиерот Зоран Заев упати честитка по повод Националниот ден на Власите.
–Одбележувањето на овој празник е можност да искажеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција, стои меѓудругото во честитката од премиерот.
Во текот на вчерашниот ден, а по повод Националниот ден на Власите, Здружение на Власи „Халча ал Брова“ организираше етнолошка изложба насловена како „Традиционална храна кај Власите“ во НУ Музеј на Куманово под покровителство на општина Куманово.
На изложбата покрај тоа што присутните имаа прилика да дегустираат традиционална храна од влашка кујна, тие се запознаа и со носиите, орнаментите и мотивите на традициналната облека кај Власите, која беше изложена во НУ Музеј на Куманово.