24ти Мај во Македонија е државен празник посветен на словенските просветители св.Кирил и Методиј.
Денеска е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Словенските браќа се основачи на првата словенска азбука и затоа често се нарекуваат и носители на словенската писменост.
Кириличното писмо, кое е модифицирана верзија на глаголицата на св.Кирил и Методиј денеска се користи во 12 земји, а во Македонија е официјално писмо на македонскиот јазик.
Изминатите години овој празник најмногу се одбележуваше со настани и активности во универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје, но годинава поради епидемиолошката состојба, но и поради отворањето на нов бугарски универзитет со ист назив, празникот беше засенет.
Во македонската јавност се појавија реакции, а одлуката бугарскиот универзитет да се нарекува св.св.Кирил и Методиј беше разбрана како отворена провокација со оглед на состојбата со бугарско-македонскиот спор.