Менаџерите на јавните претпријатија ќе треба да применуваат искуства од приватниот сектор и да испорачаат резултати – зголемување на приходите и намалување на трошоците, за да може да ги уживаат привилегиите кои ги нуди менаџерскиот договор.
Забележани се прилично високи износи на плати за менаџерски договори, особено за јавни претпријатија кои прават загуби. Има одлука за намалување на паушалите и примањата за членовите на управните одбори, а ќе се прави и ревизија на менаџерските договори на најголемиот дел од јавните претпријатија каде се креираат загуби.
Како што е најавено, јавните претпријатија ќе треба да направат и анализа колкав број на вработени им се потребни во секој момент, за да може дел од нив да се испратат на годишен одмор, со цел да се заштеди електрична енергија, изјавија надлежните за ТВ24.