Често можеме да слушнеме дека „алкохолот ги убива бактериите“ или дека ги убива бактериите од секаков вид (бактерии, габи, вируси…) и дека треба да пиеме нешто жестоко кога ќе настинеме.
Но, се чини дека пиењето вотка или ракија не ги убива бактериите во нашето тело.
Иако митовите дека алкохолот ги убива бактериите постојат долго време, разбирливо е зошто многумина од нас сега се прашуваат дали има вистина во ова.
Со оглед на тоа што денес сите сме охрабрени да користиме средства за дезинфекција на рацете – а тие главно се направени од алкохол, дали консумирањето алкохол ќе ни помогне и против малите невидливи непријатели како што се вирусите и бактериите?
Вистина е дека алкохолите од сите видови ги убиваат бактериите на површината, но алкохолот во телото делува поинаку – и тоа е добро.
Хемиски, постојат три главни типа на алкохол: изопропил, етил и метил. Сите тие ги убиваат бактериите со разградување на клеточната мембрана, што предизвикува растворање на внатрешните компоненти на клетката.
Повеќето средства за дезинфекција на раце содржат изопропил или етил (етанол) алкохол.
Етил алкохолот е вид на алкохол кој го има и во алкохолните пијалоци, но кога го консумирате, процесот на варење брзо ги разградува молекулите на етанолот, што им отежнува да ги убијат бактериите на кои наидуваат.
Тоа е всушност добра работа, бидејќи нашето тело содржи милијарди добри бактерии без кои не можеме да живееме. Ако етанолот може да ги убие бактериите во нашето тело, ќе ги уништи и тие добри бактерии заедно со лошите.
И прекумерното консумирање алкохол, како што знаеме, може да има многу токсични ефекти врз телото, вклучувајќи иритација на цревната слузница, преоптоварување на црниот дроб (што доведува до цироза – или лузни – на црниот дроб) и уништување на мозочното ткиво.
Да се вратиме на пиењето, за жал, таа чаша жесток пијалок што ќе ја испиеме нема да дезинфицира ништо во телото.