На бремените жени треба да им се понуди вакцина против коронавирусот особено на жени со високоризична бременост.
Се наведува дека вакцините Фајзер и Модерна се препорачуваат бидејќи врз основа на истражувањето во Соединетите држави во кое учествувале околу 90.000 бремени жени, било утврдено дека тие не претставуваат ризик.
Досега, само жените со некои веќе постоечки здравствени состојби и оние со висок ризик од инфекција се советувани да бидат имунизирани.
На овој начин, британските здравствени власти полека го усогласуваат овој сегмент од правилата за вакцинација со другите земји.
Комитетот рече дека секоја бремена жена треба да разговара со својот лекар пред да оди на имунизација, но се нагласува дека тоа не е неопходен услов.
–Нема докази што сугерираат дека другите вакцини не се безбедни за бремени жени, но потребни се повеќе тестирања, се вели во соопштението.