Граѓаните треба да бидат внимателни при движење на локации во планинските пешачки зони на Водно каде може да наидат на диви свињи. При евентуална средба со нив граѓните треба да бидат смирени, да не ги напаѓаат за да не ги предизвикаат, бидејќи при нивната одбранбена реакција може да ги повредат, изјавија од Центарот за управување со кризи.
Ако досега имало пријава само за контакт со диви свињи во високите шумски предели, сега, тие се појавуваат и во Скопје, како што е случајот со населбата Пржино, а и други населби на граница со природата во скопско.
ЦУК се обрати со барање за преземање законски надлежности и решенија до ЈП Паркови и зеленило Скопје, кое управува и стопанисува со Парк шумата Водно, инспекторатот за шумарство и ловство, стручен орган за ловство, агенцијата за храна и ветеринарство како координатор која, како што потенцира, имаат инфромација дека дава награда од 250 денари за пријавена угината дива свиња, што значи дека ако граѓаните ја забележат тоа треба да го пријават.
Дивата свиња се движи навечер, а преку ден одмара во густежите кои ги имаме на потегот од Водно, над Пржино, потоа Средно Водно се до Нерези. Се додека има вода и храна, дневно може да помине дури и по 70 километри и да се врати таму каде и е леглото. ЦУК преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е во постојна комуникација со граѓаните и сериозно ги третира дојавите за опаснот по животот и материјалните добра.