Ова го изјави Весела Чернева, заменик-директор на Европскиот совет за надворешна политика (ECFR) и директор на софиската канцеларија на организацијата во интервју за бугарски „Капитал”.
–Блокирањето на која било земја кандидат за во ЕУ не се прави врз основа на историјата и идентитетот, туку врз основа на достигнувања, како што е примената на евроското законодавство и достигнувањата на европските стандарди. Бугарија ја внесува историјата во процесот на проширување, што би го направило практично невозможно или многу тешко за останатите балкански земји да напредуваат, истакна Чернева.