Земјата со најниска стапка на вакцинираност во Европската унија, Бугарија, вчера им вети на пензионерите парична награда доколку се вакцинираат против ковид-19.
Оваа иницијатива најавија дека ќе трае до јуни следната година, а наградата за вакцинација за секој пензионер ќе изнесува 75 лева (околу 38 долари)
Во Бугарија досега со две дози е вакцинирано само 27 отсто од населението, од кои само три отсто добиле бустер доза.
– Постои опасност Бугарија да стане своевидно гето со коронавирус, предупреди вирологот Радка Аргирова.