Во Обединетото Кралство, научниците тестираат капки за нос со витамин А што може да го излечи губењето на сетилото за мирис предизвикано од корона вирусот.
Капките за нос со витамин А може да ја излечат загубата или променетото чувство за мирис кај некои луѓе кои имале коронавирус, тврдат британските истражувачи.
Само некои од доброволните пациенти ќе добијат третман, но од сите ќе биде побарано да се обидат да мирисаат на силни мириси како расипани јајца и рози.
Досега, повеќе од 232,7 милиони луѓе се заразени во светот, а повеќе од 4,65 милиони починале.
Дадени се повеќе од шест милијарди дози вакцина, според Универзитетот Џонс Хопкинс.