Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се самоизолира откако стапи во контакт со пратеник кој е позитивен на Ковид-19, изјави во неделата Даунинг стрит.
Премиерот бил присутен на 35-минутната средба со мала група на Конзервативните пратеници во четврток наутро.
Еден од нив, Ли Андерсон, кој подоцна развил симптоми на Ковид-19 и бил позитивен на тестот.
Даунинг стрит рече дека премиерот на Британија е „добро“ но лекарите го советувале премиерот заради факторите, како и должината на состанокот, да се самоизолира како мерка на претпазливост.