Европската интеграција на Северна Македонија и претседавањето со ОБСЕ во 2023 година ќе бидат во фокусот на средбите што шефот на дипломатијата, Бујар Османи денеска ќе ги има во Виена.

Средбата Османи ќе ја оствари со министерот за Европа и надворешни работи Александер Шаленберг и со министерката за ЕУ и Устав Каролине Едштадлер.

Австрија, заедно со Словачка и Чешка дадоа поддршка на евроинтегративните процеси на Македонија и го ги оспорија заклучоците на Бугарија во кои Македонија се обвинува за „погрешно толкување на историјата“ а тоа се наведува како причина за блокирање на преговарачката рамка за проширување.