Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.
Првата група пристигна утово со 60 пожарникари и 20 возила и моментално е распределена на најкритичните точки, односно околу пожарот кој беснее низ области од Пехчево, Берово и Делчево.
Се очекува да пристигне втората група на пожарникари со сопствена опрема во текот на денешниот ден.
Австрија испрати помош по извествањата на автриските пожарникари од терен, кои пренесоа порака дека ситуацијата во Пехчево е алармантна и дека пожарот е надвор од контрола!