Британската фармацевтска компанија AstraZeneca објави дека работи на производство на вакцина за омикронскиот вид коронавирус во соработка со Универзитетот во Оксфорд, објави Фајненшл тајмс.
–Вакцините засновани на аденовирус (како оние што ги произведува Оксфорд / АстраЗенека) во принцип би можеле да се користат како одговор на која било нова варијанта побрзо отколку што некои можеби сфатиле порано, рече Сенди Даглас, шеф на истражувачката група Оксфорд.
Минатонеделната лабораториска студија покажа дека коктелот со антитела на AstraZeneca „ја задржал својата неутрализирачка активност против омикронскиот вид на коронавирусот“, според ФТ.
Други производители на вакцини, како што се Pfizer, BioNTech и Moderna, исто така, претходно изјавија дека работат на специјални вакцини за сојот омикрон.
Модерна изјави дека би можеле да започнат клинички испитувања на таа вакцина до почетокот на следната година.