Компанијата „Астразенека“ ѝ соопшти на Европската Унија дека во вториот квартал ќе достави помалку од 90 милиони дози од вакцината против коронавирусот.
Тоа значи дека „Астразенека“ ќе испорача помалку од половина од бројот на договорени вакцини за набавка на ЕУ во вториот квартал.
Според договорот, компанијата се обврза да испорача 180 милиони дози.
Доколку се намалат дозите на вакцините, ова може да влијае на способноста на ЕУ да ја постигне целта за вакцинирање 70 % од возрасните до летото.
Официјален претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека „Астразенека“ планира да испорача приближно 40 милиони дози во првиот квартал, што е повторно помалку од половина од 90 милиони дози што требаше да ги испорача.
Портпаролот на компанијата изјави дека се надеваат оти ќе може подобро да ги усогласат испораките со договорот за набавка на авазивна вакцина.
Европската комисија, која ги координира преговорите со производителите на вакцини, одби да ги коментира податоците.